Општина Аеродром доделува еднократна парична помош за првачињата

 Општина Аеродром и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.500 денари, за што издвои 3 100 000 денари.

„Целта на овој проект е да им ги олесниме трошоците на родителите за новиот ученик во семејството“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Родителите на првачињата запишани во едно од училиштата на територијата на Општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош до архивата на Општина Аеродром од денеска до 30.9.2021 година.

Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2021/2022 година на подрачјето на Општина Аеродром може да се подигне во Општината или да се симне од општинската интернет страница (www.aerodrom.gov.mk) во менито за формулари или директно на линкот: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.

Во прилог на барањето е потребно да се достават следниве документи:

1.    Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2021/2022 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром;

2.    Фотокопија од извод од матичната книга на родените (за првачето);

3.    Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на еден од родителите, од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром;

4.    Фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител (даночен обврзник) од кој е приложена копија од личната карта или патната исправа.

 

4.6.2021

Општина Аеродром