В четврток 56. седница на Советот на Општина Аеродром

В четврток, 24.26.2021 година, со почеток во 12:00 часот онлајн ќе се одржи педесет и шестата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:

1.   1.    Предлог-заклучок за усвојување Информација број 18-479/9 од 26.5.2021 година, од Секторот за урбанизам на Општина Аеродром, за одобрување на коригиран урбанистички проект за инфраструктура за изградба на сервисна улица С1 од урбанистички план за четврт И17, Скопје, Општина Аеродром.

  1. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за извршување на одлуките донесени од страна на Советот на Општина Аеродром за период од 13.11.2020 година до 8.2.2021 година.
  2. Предлог-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Општина Аеродром и Град Скопје, во врска со регулирање на режимот на сообраќај на ул. „Симеон Кавракиров“.
  3. Предлог-одлука за одобрување дополнителни финансиски средства на основните училишта и детските градинки на територијата на Општина Аеродром.
  4. Предлог-одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“  за 2022 година.
  5. Предлог-одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ „Блаже Конески“  за 2022 година.
  6. Предлог-одлука за доделување спонзорство на втор тим на Кошаркарскиот клуб МЗТ АЕРОДРОМ, Скопје.
  7. Предлог-одлука за доделување спонзорство на спортски одбојкарски клуб „Мастер волеј“ Скопје.
  8. Предлог-одлука за доделување спонзорство на спортски таеквондо клуб „Темакс“ ТКД Скопје.
  9. Предлог-одлука за доделување донација на Здружение за развој и иновации за подобар живот АРЕОЛА Скопје, за реализација на проектот  „Заиграј со нас“
  10. Предлог-одлука за доделување спонзорство на Здружението „Доминиум културно јадро“, за реализација на проект -  студентски филм.

12. Предлог-одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања за отпремнина за пензионирање на вработени лица во ОА/општински буџетски корисник, за смрт на вработено лице / на член потесно семејство и за боледување подолго од шест месеци.

13. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во буџетот на ОА за 2021 година.

14. Предлог-програма за измена на Програма Ј – Комунални дејности на подрачјето на Општина Аеродром за 2021 година.

15. Предлог-програма за измена на Програма Р – Заштита на животната средина и природа на Општина Аеродром за 2021 година.

16. Предлог-одлука за давање согласност на Статутот на Јавното претпријатие за  управување со развојни проекти на ОА.

17. Предлог-одлука за усвојување Физибилити студија за оправданост од воспоставување Договор за јавно-приватно партнерство за модернизација на системот на јавно осветлување во ОА.

18. Предлог-одлука за усвојување Стратегија за родова еднаквост на Општина Аеродром.

  1. Предлог-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Општина Аеродром и Општина Кисела Вода.

20. Советнички прашања.