Општина Аеродром започна со реконструкција на детските игралишта на цела нејзина територија. Деновиве се реконструира детско игралиште во близина на градинката „Лале“, на булевар „Јане Сандански“. Старите реквизити се заменети со нови и е поставена нова подлога.
„Дечињата заслужуваат најдобри услови за безбедна и безгрижна игра. Општина Аеродром инвестира во подобра иднина за сите!“, изјави градоначалникот Златко Марин.
Инвестирањето во подобри услови за најмладите ќе продолжи и во наредниот период.
2.7.2021
Општина Аеродром
23-05-23
Одборот за подигање на спомен-обележје на загинатиот граничен полицаец Игор Драганов објавува дека ќе се изврши јавно изложување на идејните проекти по Јавниот конкурс за изработка на идеен проект за подигање на спомен-обележје на загинатиот граничен полицаец Игор Драганов.