Игралиштето во ООУ „Гоце Делчев“ доби современа подлога по сите ЕУ стандарди

 

Спортското игралиште во основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче добива мултифункционална гумена спортска подлога.

            Овој тип спортска подлога се изработува со специјална машина и техника и гарантира висок квалитет, сигурност и безбедност за спортистите. Ваквиот систем на спортска подлога е атестиран од светските федерации како што се: IAAF, FIBA, IHF, а ги исполнува сите ЕУ стандарди.

            „Општина Аеродром продолжува да вложува во висококвалитетни и современи услови за спорт и рекреација на жителите. Игралиштата на отворено се особено важни за нашите граѓани, кои покажуваат голем интерес за нивно користење. Токму затоа вложуваме во висок квалитет, кој нуди беспрекорни услови за спорт и рекреација на сите генерации. Со ова, уште еднаш покажавме дека Аеродром со право го носи епитетот најспортска општина“, изјави градоначалникот, Златко Марин.

            Тој истакна дека Општината и во иднина ќе продолжи да вложува во изградба и адаптација на безбедни и современи спортски игралишта.

Досега, неколку игралишта на ниво на целата територија на Општината се опремени со најсовремени ергономски подлоги, кои покрај естетскиот изглед, нудат и безбедно спортување и тренинзи како на професионалните спортисти, дечињата, така и на сите љубителите на спортот, воопшто.

9.7.2021

Општина Аеродром