О Г Л А С За издавање под закуп на фискултурна сала и училници во OОУ,,Гоце Делчев,, Аеродром-Скопје

 

Врз основа на член 7 од Правилникот за постапката, начинот и условите, за давање на користење на училиштен простор и спроведување на други активности во врска со основните училишта на Општина Аеродром бр.09-61/3 од 10.02.2020 година,и согласноста од Општина Аеродром бр.25-5920/2 од 26.08.2021 година, Комисија за издавање на училишен простор под закуп на ООУ Гоце Делчев Општина Аеродром, објавува

 

                                                                                        

                                                                            

 

О Г Л А С

За издавање под закуп на фискултурна сала и училници во OОУ,,Гоце Делчев,, Аеродром-Скопје

 

1.ЗАКУПОДАВЕЦ

OОУ,,Гоце Делчев,, Аеродром-Скопје,со седиште на ул,Горно Лисиче,,бр.23,1000 Скопје,тел/факс +389(2)2438-288

2.ПОНУДУВАЧ

Право да поднесе барање за закуп на наведените недвижности има секое заинтересирано домашно и странско правно лице кое е регистрирано за вршење дејност согласно со предметот на закуп.

3.ПРЕДМЕТ НА ЗАКУП

 3.1.Фискултурна сала во OОУ,,Гоце Делчев,,Г.Лисиче (со површина 620,55 м2). Со гардероби и тоалети, дозволени спортови за кои може да се користи салата се, ракомет, одбојка, карате, аеробик, зумба, пилатес, јога и народни ора и танци-почетна цена 700,00 денари по час

3.2.Една училница со површина 40  м2 во OОУ,,Гоце Делчев,, во Горно Лисиче  550,00 час

3.3.Една училница со површина  40 м2 во ПОУ,,Гоце Делчев,, во Долно Лисиче 550,00 час

Плаќање за месечната закупнина е до 10 во тековниот месец

Закупецот го издава просторот наведен во точките 3.1, 3.2, 3.3 по пат на прибирање на писмени понуди.

Документацијата во која подетално се наведени недвижностите кои што се предмет на закуп како и другите услови коишто задолжително мора да ги исполнуваат понудувачите ќе се достави на меил адреса на барање на заинтересираните понудувачи и понудата да ја достави на истата документација.

Понудата која нема да ги содржи потребните документи ќе се смета за некомплетна и како таква нема да биде разгледувана.

Oгласот трае 5 (пет) работни дена,од денот на објавување

Понудите исклучиво да се достават на адреса ул.Горно Лисиче бр.23, a отварањето ќе биде,без присуство на јавноста.

Сите понуди кои ќе пристигнат подоцна нема да се разгледуваат.

 

 OОУ,,Гоце Делчев,,Скопје                                         

 Комисија за издавање на                 

училишен простор под закуп