Анета Велкоска најдобар просветен работник во Аеродром

 

По повод 5 Октомври, Светскиот ден на просветните работници, наставничката по одделенска настава Анета Велкоска од ООУ„ Браќа Миладиновци“ доби плакета за вонредни ангажирања и придонес во унапредувањето на воспитно-образовната дејност на работно место.

На настанот учествуваше и министерката за образование и наука, Мила Царовска, која во соработка со Сојузот на просветни работници им додели плакети на 11 наставници, професори и воспитувачи од повеќе основни и средни училишта, како и градинки на територијата на Република Северна Македонија „Просветен работник на годината“ за учебната 2020/21 годиназа достигнувања во образовниот процес.

„Наставниците заслужуваат да им се вреднува трудот и затоа како министерка ќе стојам исправена заедно со нив во секоја нивна битка што е во насока на унапредување на нивниот професионален развој, но и економска сигурност“, изјави во својата изјава Царовска.

Општина Аеродром се гордее со успехот на наставничката Анета и се надеваме дека таа ќе биде поттик и за другите наставници и учители во Аеродром да работат посветено и да го дадат својот максимум во обезбедување квалитетно образование во нашата општина.

5.10.2021

Општина Аеродром

 

 

Актуелно

img
img img

Видео