Голем број граѓани даруваа крв во Општина Аеродром

 

Денеска во просториите на Општина Аеродром беше спроведена крводарителска акција во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија - Кисела Вода и Институтот за трансфузиона медицина.

Кон акцијата се приклучија голем број хумани граѓани, од кои дел се вработени во Општината. Притоа, се почитуваа сите мерки за заштита од КОВИД-19.

            Општина Аеродром редовно ги поддржува ваквите акции на хуманите луѓе и крводарители во дарување крв и спасување нечиј живот.

 

8.10.2021

Општина Аеродром

 

 

Актуелно

img
img img

Видео