Комуналните служби на Општина Аеродром во соработка со Град Скопје деновиве интензивно работат на расчистување на една од најголемите диви депонии на нејзината територија лоцирана во Долно Лисиче.
Станува збор за депонија создавана со години пред мостот во Долно Лисиче што граничи со Јурумлери. Овој потег преполн со ѓубре, шут и кабаст отпад, покрај тоа што е премногу лоша слика за тој дел од општината, претставува и голема опасност за животната средина и здравјето на жителите.
Општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски остануваат фокусирани на решавање на горчливиот проблем со дивите депонии. Лоцирани се сите депонии на територијата на Општина Аеродром и активно се работи на нивно расчистување.
Општината воведе и сменска работа на инспекциските служби, кои се постојано на терен и ги едуцираат жителите, а во краен случај и ги казнуваат несовесните граѓани што фрлаат шут и отпад на јавни површини.
Ова зачестено чистење на депониите дава свој придонес во борбата против загадувањето. Остануваме посветени на одржување и зачувување на јавната чистота затоа што аеродромци заслужуваат да живеат во здрава и хумана средина.
27.12.2021
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.