ОПШТИНА АЕРОДРОМ ОБЈАВИ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА РАЗВОЈ НА СПОРТОТ

 

Општина Аеродром денеска објави јавен повик за 2022 годиназа доделување финансиска поддршка на спортските клубови и спортските здруженија кои извршуваат јавен интерес за развојот на спортот во општината.

Финансиската поддршка е поделена во пет категории и тоа за: спортските клубови и спортските здруженија кои извршуваат јавен интерес за развојот на спортот во општината, за организирање и реализација на спортски манифестации, за развој на училишниот спорт и надградување на квалитетот на тандем-наставата на часот по физичко и здравствено воспитување за учениците од прво одделение, за развој на спортот во делот на инклузија на учениците со атипичен развој од основните училишта, како и финансиска поддршка за развој на женскиот спорт во Општина Аеродром.

Рокот за поднесување на пријавите е седум работни денa, почнувајќи од 23.3.2022 година до 31.3.2022 година, а огласот е објавен и на веб-страницата на Општина Аеродромна следниов линк http://aerodrom.gov.mk/vest/7903, на кој може да се видат условите за повикот и начинот на пријавување.

Пријавата со целокупната документација треба да се доставипрекупошта, наадреса: Општина Аеродром бул. „Јане Сандански“ 109 Б,1000 Скопје или во архивата на Општината секој работен ден. Пријавите и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака „Не отворај“ и со назнака „За јавен оглас за финансиска поддршка на спортски клубови, спортски здруженијаи здруженија на граѓани, кои организираат спортски манифестации“.

Пријавите со непотполна документација или доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

23.3.2022

Општина Аеродром