Општина Аеродром денеска ја чисти дивата депонија што со години се создава спроти амбулантата во населба Лисиче, на местото познато како Пирин.
Станува збор за голема депонија во срцето на Лисиче, која го нагрдува ликот на населбата и претставува опасност по здравјето на луѓето и на животната средина. Во големата акција за само неколку часа се собрани над 60 м3 различни видови отпад.
Изминатите месеци редовно ги чистиме дивите депонии на целата територија и истовремено ги повикуваме граѓаните на совесно однесување со цел сите заедно да ја заштитиме околината во која живееме и ги растеме новите генерации.
30-04-25
Општина Аеродром во наредниот период започнува со целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица 2 во Долно Лисиче, а исто така се започнува и реализација на проектот за проширување на мостот на Маркова Река што ги поврзува Долно и Горно Лисиче.