ОД ПОНЕДЕЛНИК АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ ОТПАД ВО АЕРОДРОМ

Општина Аеродром во соработка со JП „Комунална хигиена“, од понеделник, 04.04.2022 година до недела, 10.04.2022 година ќе организира акција за собирање кабаст отпад.
 
 Контејнери за собирање кабаст отпад ќе бидат поставени на 6 локации, односно населби, каде што граѓаните ќе можат да го остават својот стар мебел:
 
1. Јане Сандански („АСНОМ“ 68) од понеделник до недела
2. Стар Аеродром („Коста Новаковиќ“ 48) од понеделник до четврток
3. Ново Лисиче („Видое Смилевски Бато“ 19) од понеделник до недела
4. Ново Лисиче („АСНОМ“ кај „Рамстор“) од понеделник до недела
5. Лисиче („Ернест Телман“ кај препумпната станица) од петок до недела
6. Лисиче („Димитар Туриманџовски“ спорти „Спорт лајф“) од петок до недела
7. Мичурин („Анастас Митрев“ кај трансформаторот) од петок до недела
 
Под кабаст отпад се подразбира мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и за садови, бојлери и слични предмети), електронски апарати (компјутери, телевизори, музички системи и сл.), но не и градежен шут.
 
05.04.2022
Општина Аеродром