ВО ВТОРНИК ДЕСЕТТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

 

На 19.4.2022 година (вторник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи десеттата седница на Советот на Општината.

На дневен ред на седницата се следниве точки:

1.    Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објект бр. 1 и објект бр.2  на КП 4024 КО Кисела Вода 2 во урбанистичко-планска документација

2.    Предлог-одлука за измена на Одлуката за издвојување средства за исплата на надоместокот на членовите на изборните органи - Општинска изборна комисија и избирачки одбори за подрачјето на Општина Аеродром, за спроведување на локалните избори 2021 година.

3.    Предлог-одлука за одобрување дополнителни финансиски средства на основните училишта на територија на Општина Аеродром.

4.    Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата Ф во урбанистичко планирање и уредување на просторот на Општина Аеродром за 2022 година.

5.    Предлог-одлука за согласност за примање донација – санација на постојно спортско игралиште во с. Долно Лисиче.

6.    Предлог-одлука за давање согласност на измена и дополнување на Статутот на ООУ „Блаже Конески“.

7.    Предлог-програма за измена на Програмата за планирани активности од областа на образованието за 2022 година.

8.    Предлог-одлука за доделување финансиска поддршка – донација  за организирање на манифестација „Велигденски средби“.

9.    Предлог-одлука за давање на привремено користење на движни ствари.

10. Предлог-одлука за исплата на еднократна парична помош по однос на поднесени поединечни барања од областа на социјалната заштита.

 

 

14.4.2022

     Општина Аеродром