О Г Л А С за издавање под закуп на училиштен простор во ООУ „ Љубен Лапе “

Врз основа на член 7 од Правилникот за постапката, начинот и условите за давање на користење на училиштен простор и спроведување на други активности во врска со основните училишта на Општина  Аеродром бр.09-61/3 од 10.02.2020 година, Правилникот за измена и дополнување за постапката, начинот и условите за давање на користење на училиштен простор и спроведување на други активности во врска со основните училишта на Општина  Аеродром бр.09-77/2 од 12.03.2021 година, и Решението за согласноста од Општина  за објавување на оглас за издавање на училишен простор бр. 25-5107/2 од 11.07.2022 и Одлуката бр. 02-593/1 од 05.07.2022 донесена од Училишниот одбор  на ООУ „ Љубен Лапе“ Општина Аеродром – Скопје,  Комисијата за издавање на училишен простор под закуп на училиштето објавува:

О Г Л А С

за издавање под закуп на училиштен простор во ООУ „ Љубен Лапе “ Општина Аеродром – Скопје

1.ЗАКУПОДАВЕЦ:

                ООУ „ Љубен Лапе“ Општина Аеродром – Скопје, со седиште на ул.„Васко Карангаелески“ бр.2, 1000 Скопје телефон : +389 2 2 452-091

2.ПОНУДУВАЧ :

                Право да поднесе барање за закуп на наведената недвижност има секое заинтересирано домашно и странско физичко и правно лице кое е регистрирано за вршење на дејност согласно со предметот за закуп.

3.ПРЕДМЕТ НА ЗАКУП

                3.1 Фискултурна сала во ООУ „ Љубен Лапе“ Општина Аеродром – Скопје со површина од    538,2 м2 со 2 гардероби и тоалет – најниска цена 1.250,00 денари од час.

                3.2 Училишен хол во ООУ„ Љубен Лапе“ Општина Аеродром – Скопје – со  површина од 300,00 м2 - најниска цена - 770,00 денари / час;

                3.3 Училница број  1  во ООУ„ Љубен Лапе“ Општина Аеродром – Скопје со површина од 72 м2 ; најниска цена 1.030,00 ден/час;

                 3.4 Училница број  2  во ООУ „ Љубен Лапе “ Општина Аеродром – Скопје со површина 48 м2 ( после 18:00 часот)

                Закуподавецот ги издава просториите наведени во точките 3.1, 3.2, 3.3, 3.4  по пат на прибирање на писмени понуди.

                Времетраење на закупот на училиштниот простор е до 10.06.2022 година.

                Училиштниот простор се издава под закуп во видена состојба.

Критериум за избор на најповолен понудувач е највисоката понудена закупнина.

Минималната висина на закупнината е определена во дополнителната документација потребна за огласот.

                Времетраење на огласот е 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето на огласот.

                Понудувачот треба да ја подигне и достави документацијата во рок од 5 работни дена од објавувањето на огласот.

                Понудувачот треба понудите да ги достави на документација потпишана и заверена од страна на закуподавецот.

                Понудувачот со понудата треба да ги достави и потребните документи кои не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци, а се доставуваат во оригинал или копија заверена од понудувачот.

                Клубови кои можат да конкурираат за термини во фискултурната сала се тие кои работат со следните спортови: кошарка, јога, одбојка, џудо, теквондо, карате, пилатес, аеробик, зумба, аикидо, кик – бокс, јапонски вештини, бокс, танци и ора, модерен танц, балет, гимнастика, џит – кун до, ракомет и мечување.

                Документацијата во која подетално е наведена недвижноста која што е предмет на закуп како и другите услови кои што задолжително мора да ги исполнуваат понудувачите, може да ги подигне само овластено лице од страна на понудувачот секој ден од 09:00 до 12:00 часот во просториите на  ООУ „ Љубен Лапе“ Општина Аеродром – Скопје “   – архива.

                Понудата која што нема да биде доставена на документација потпишана и заверена од страна на понудувачот како и понуда која што нема да ги содржи сите потребни документи ќе се смета за некомплетна и како таква нема да биде разгледувана.

                Понудата од физичко или правно лице, за која ќе се утврди дека по било кој основ има неплатени обврски cпрема училиштето, нема да биде разгледувана.

                Пристигнатите понуди ќе се отвараат без присуство на понудувачите, поради заштита и превенција од вирусот Ковид – 19.

                Сите понуди кои ќе пристигнат подоцна нема да се разгледуваат.

 

 

 

                                                                                           ООУ „ Љубен Лапе “ Општина Аеродром – Скопје

                                                                                          Комисија за издавање на училштен простор под закуп 

 

                                                                                                1. Ирена Ангелковска Панова  – Претседател

                                                                                                ___________________________________

                                                                                                                /потпис - Претседател/

                                                                                                2. Тина Ѓорѓиевска   –Член

                                                                                                3. Светлана Николовска - Член