В ПОНЕДЕЛНИК 18. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

 

На 14.11.2022 година (понеделник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи осумнаесеттата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:

1.    Предлог-заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за третиот квартал за 2022 година

2.    Предлог-план за програми за развој на ОА за период 2023-2025 година

3.    Предлог-одлука за финансиска поддршка – донација на Црвен крст на РСМ

4.    Предлог-одлука за измена на Одлуката за формирање на Општински совет за социјална заштита на Општина Аеродром бр.09-581/16 од 26.11.2019

5.    Предлог-програма за измена и дополна на Програмата за социјална и детска заштита и заштита и спасување во Општина Аеродром за 2022 година

6.    Предлог-програма за измена и дополна на Програмата за планирани активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2022 година

7.    Предлог-одлука за давање на трајно користење на движни ствари (таблети)

8.    Предлог-програма за измена и дополна на Програма (Ј) Комунални дејности на подрачјето на Општина Аеродром за 2022 година

9.    Предлог-програма за измена и дополна на Програма (ФА) Уредување на градежно земјиште (капитални трошоци) на подрачјето на Општина Аеродром за 2022 година

10. Предлог-одлука за измена и дополна на Одлуката за формирање на Локален Совет за превенција на Општина Аеродром

11. Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ЈДГОА „Срничка“ за 2023 година

12. Предлог-одлука за давање согласност за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Блаже Конески“ - Општина Аеродром,

13. Предлог-заклучок за усвојување на Годишна програма за екскурзии на ООУ „Блаже Конески“ 2022/2023 година

14. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишна програма за екскурзии на ООУ „Димитар Македонски“ 2022/2023 година

15. Предлог-заклучок за усвојување на Известување за отпочнување на постапка за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт ЈИ06 блок 06.02, Општина Аеродром

16. Предлог-заклучок за усвојување на Известување за отпочнување на постапка за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт ЈИ06 блок 06.06 и блок 06.07, Општина Аеродром

17. Предлог-заклучок за усвојување на Известување за отпочнување на постапка за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт ЈИ04 блок 04.03, Општина Аеродром

18. Предлог-заклучок за усвојување на Известување за отпочнување на постапка за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт И10 блок 10.03, Општина Аеродром

19. Предлог-стратегија за Локален економски развој на Општина Аеродром 2022-2026 година

20. Предлог-одлука за утврдување бесправен  објект за кој  може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација  (објект на КП 4036 КО Кисела Вода 2)

 

21. Предлог-Одлука за утврдување бесправен  објект за кој  може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација  (објект на КП 1505 КО Кисела Вода 2)

22. Предлог-одлука за утврдување на активности за заштита на животната средина, природа и амбиентниот воздух на подрачје на општина Аеродром

23. Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Аеродром за 2022 година

24. Предлог-одлука за одобрување на дополнителни финансиски средства на основнo училиштe на територијата на Општина Аеродром

25. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на ОА за 2022 година

26. Советнички прашања     

 

 

7.11.2022

Општина Аеродром

Актуелно

img
img img

Видео