В ПЕТОК 19. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

 

На 2.12.2022 година (петок) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи деветнаесеттата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:

1.    Предлог-одлука за давање согласност за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“

2.    Предлог-одлука за давање на трајно користење на движни ствари (интерактивни табли и друга ИКТ опрема)

3.    Предлог-одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу Општина Аеродром и Општина Центар за вршење работи од областа на градежната инспекција

4.    Предлог-одлука за измена на Одлука за формирање Општински совет за социјална заштита на Општина Аеродром

5.    Предлог-решение за престанок на мандат на претставник во Училишниот одбор на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“

6.    Предлог-одлука за именување претставник од Општина Аеродром во Училишниот одбор на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“

7.    Предлог-одлука за исплата на  еднократна парична помош по однос на поднесени поединечни барања од областа на социјалната заштита

8.    Предлог-програма за измена и дополна на Програма (Ј) Комунални дејности на подрачјето на Општина Аеродром за 2022 година

9.    Предлог-одлука за одобрување на дополнителни финансиски средства на основни училишта на територијата на Општина Аеродром

10. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Аеродром за 2022 година

 

 

28.11.2022

Општина Аеродром