В ПОНЕДЕЛНИК 23. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

 На 23.1.2023 година (понеделник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи дваесет и третата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:

1.     Предлог-програма за измена на Програма (ФА) уредување на градежно земјиште (капитални трошоци) на подрачјето на општина Аеродром за 2023 година

2.     Предлог-правилник за начинот, условите и постапката за доделување на годишни признанија и награди на Општина Аеродром

3.     Предлог-заклучок за усвојување на Извештај за извршување на одлуките донесени од страна на Советот на Општина Аеродром, за период од 01.08.2022 година до 01.12.2022 година

4.     Предлог-одлука за формирање Комисија за спроведување постапка за избор на членови на советите на урбаните односно месните заедници на подрачје на Општина Аеродром

5.     Предлог-одлука за потврдување на резервирани средства за надомест во постапка за експропријација на недвижен имот

6.     Предлог-одлука за давање на времено користење на дел од недвижна ствар (КП 196 КО Кисела Вода 2)

7.     Предлог-одлука за ставање вон сила на Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу Општина Аеродром и Општина Центар-Скопје за вршење работи од областа на градежната инспекција

8.     Предлог-одлука за давање согласност за утврдување правен статус на бесправни објекти кои се наоѓаат на траса на водоводна или канализациска мрежа

9.     Предлог-одлука за давање согласност на Годишна програма за работа на КК МЗТ Скопје Аеродром АД за 2023 година

10. Предлог-одлука за доделување спонзорство на КК МЗТ Скопје Аеродром АД за 2023 година

11. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за остварување на социјална и детска заштита во Општина Аеродром во 2023 година

12. Предлог-одлука за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче на подрачјето на Општина Аеродром во 2023 година

13.  Советнички прашања

 

20.01.2023

Општина Аеродром