Делегација од Општина Аеродром предводена од градоначалникот Тимчо Муцунски, по повод 151 година од раѓањето на големиот македонски револуционер – Јане Сандански, положи цвеќе на споменикот поставен во негова чест. „Кога говориме за неговиот живот и наследство, се потсетуваме на неговата непоколеблива посветеност на слободата и правата на нашиот народ. Тој цврсто верувал во принципите на правда за сите Македонци, залагајќи се за социјални и економски реформи кои ќе го подобрат животот на обичните луѓе. Споменот за Јане Сандански е потсетник за нашата обврска да работиме и придонесуваме кон градењето на македонската нација, да промовираме хармонија помеѓу народот и да ги поддржуваме вредностите за кои тој се борел и живеел.“, напиша градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна. Името на Сандански е синоним на храброст, пожртвуваност и постојана потрага по правда и еден од главните симболи на општина Аеродром.
18.5.2023
Општина Аеродром
23-05-23
Одборот за подигање на спомен-обележје на загинатиот граничен полицаец Игор Драганов објавува дека ќе се изврши јавно изложување на идејните проекти по Јавниот конкурс за изработка на идеен проект за подигање на спомен-обележје на загинатиот граничен полицаец Игор Драганов.