На 10.7.2023 година (понеделник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи триесеттата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:
1. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на ОА за 2023 година
2. Предлог-одлука за проширување на средствата во Буџетот на ОА за 2023 година
3. Предлог-одлука за одобрување на дополнителни финансиски средства на основни училишта и детски градинки на територијата на Општина Аеродром
4. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација (објект на КП 1456/1 КО Кисела Вода 2)
5. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација (објект на КП 2964/2 КО Кисела Вода 2)
6. Предлог-одлука за доделување еднократна парична помош на семејството Камберовски заради полесно надминување на последиците од претрпена штета предизвикана од пожар
7. Предлог-одлука за давање мислење на Програмата за изведување на ученичките екскурзии и другите слободни активности во ООУ „Лазо Ангеловски“ – Аеродром, Скопје за учебната 2023/2024 година
8. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за планирани активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2023 година
9. Предлог-програма за измена на Програмата за остварување на социјална и детска заштита во Општина Аеродром за 2023 година
10. Предлог-програма за измена на Програмата за поддршка на културата во Општина Аеродром за 2023 година
11. Предлог-заклучок за усвојување на Одлука за донесување на Годишен план за вработување на ЈП за стопанисување на јавно осветлување за 2023 година
12. Советнички прашања
4.7.2023
Општина Аеродром
30-04-25
Општина Аеродром во наредниот период започнува со целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица 2 во Долно Лисиче, а исто така се започнува и реализација на проектот за проширување на мостот на Маркова Река што ги поврзува Долно и Горно Лисиче.