В ПЕТОК 31. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

На 25.8.2023 година (петок) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи триесет и првата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:

1.    Предлог-заклучок за усвојување Извештај за работа на ПСОН „Аеродром“ за првите шест месеци од  2023 година

2.    Предлог-одлука за давање согласност на тримесечен извештај (април, мај и јуни 2023 година) за финансиско работење на Јавното претпријатие за стопанисување на јавно осветлување на Општина Аеродром

3.    Предлог-заклучок за усвојување Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Аеродром за вториот  квартал од 2023 година

4.    Предлог-одлука за измени и дополнувања (ребаланс) на Буџетот на Општина Аеродром за 2023 година

5.    Предлог-одлука за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Аеродром за 2023 година

6.    Предлог-програма за измена на Програма (Ј) Комунални дејности на подрачјето на општина Аеродром за 2023 година

7.    Предлог-програма за измена на Потпрограма (ФА) уредување на градежно земјиште (капитални трошоци) на подрачјето на општина Аеродром за 2023 година

8.    Предлог-програма за измена на Програма (Р) заштита на животната средина и природа на општина Аеродром за 2023 година

9.    Предлог–одлука за давање согласност за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Аеродром за набавка на велосипеди и електрични тротинети

10. Предлог-одлука за одобрување дополнителни финансиски средства на основни  училишта на територијата на Општина Аеродром

11. Предлог-одлука за давање на времено користење на движни ствари машини за одлагање на цврст отпад

12. Предлог-одлукa за давање мислење на Програмата за организирање екскурзии за учебната 2023/2024 година на ООУ „Браќа Миладиновци“ – Општина Аеродром, Скопје

13. Предлог-одлука за донесување годишни програми за работа на основните училишта на територија на Општина Аеродром за учебната 2023/2024 година

14. Предлог-заклучок за усвојување годишни извештаи за работа на основните училишта на територија на Општина Аеродром за учебната 2022/2023 година

15. Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ЈУДГ „Буба Мара“ за 2024 година

16. Предлог-одлука за доделување еднократна парична награда за најдобар ученик на генерацијата од основните училишта на територија на Општина Аеродром за учебната 2022/2023 година

17. Предлог-одлука за давање согласност за склучување Договор за донација (Извештај за дефинирање на сеизмички параметри)

18. Предлог–одлука за утврдување бесправен  објект за кој може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација (објект бр.1 на КП 2932/8 КП 2623/1, КП 2932/12, КП 2932/7, КП 6726/1 КО Кисела Вода 2)

 

19. Советнички прашања

 

21.8.2023

Општина Аеродром

Актуелно

img
img img

Видео