И оваа година низ проектот „Учиме да пливаме“, учениците од прво одделение и дечињата со попреченост во Општина Аеродром имаат можност да ги совладаат техниките и стиловите на пливањето, целосно бесплатно, овозможено со средства од Општина Аеродром. Како дел од проектот, учениците добиваат часови од стручни лица, како и целосна опрема за пливање. Инклузивноста и здравиот начин на живот се важни за нас во Аеродром, а задоволството на родителите и радоста на дечињата се доволна потврда дека со проектот ги рушиме стереотипите на административното работење и грижата за најмладите ја ставаме високо во нашите приоритети. Пливањето овозможува тренинг за целото тело и го активира умот, а преку конкретниот проект, освен физичкиот развој, успеваме дечињата за момент да ги оттргнеме од секојдневните обврски и дигиталната технологија, стекнувајќи нови спортски и моторички вештини. Поддршката за спортот и здравиот живот продолжува и понатаму, со проекти и активности во различни спортски дисциплини.
19.09.2023
Општина Аеродром
30-04-25
Општина Аеродром во наредниот период започнува со целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица 2 во Долно Лисиче, а исто така се започнува и реализација на проектот за проширување на мостот на Маркова Река што ги поврзува Долно и Горно Лисиче.