В ЧЕТВРТОК 33. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

 На 19.10.2023 година (четврток) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи триесет и третата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:

 

1.    Предлог–одлука за измена на Одлуката за избор на претседатели и членови на комисии на Советот на Општина Аеродром

2.    Предлог–одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација (објект бр.1 на КП 1113 КО Кисела Вода 2)

3.    Предлог-одлука за давање мислење на Програмата за екскурзии и други слободни активности на ООУ „Блаже Конески“ - Аеродром, Скопје за учебната 2023/2024 година

4.    Предлог-одлука за давање мислење на Програмата за изведување екскурзии, излети и други вонучилишни активности за ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром, Скопје, за учебната 2023/2024 година

5.    Предлог-одлука за доделување еднократна парична награда за најдобар наставник/стручен соработник од секое основно училиште во Општина Аеродром за учебната 2022/2023 година

6.    Предлог-програма за измена на Програмата за планирани активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2023 година

7.    Предлог-програма за измена на Програмата за остварување на социјална и детска заштита во Општина Аеродром за 2023 година

8.    Предлог-програма за измена на Програмата за активностите на Општина Аеродром во областа на заштитата и спасувањето на граѓаните и материјалните добра за 2023 година

9.    Предлог-програма за измена на Програмата за поддршка на културата во Општина Аеродром за 2023 година

10. Програма за измена на Програмата за поддршка на  спортот во Општина Аеродром за 2023 година

11. Предлог-одлука за давање на трајно користење на движни ствари (таблети)

12. Предлог-одлука за давање согласност за склучување договор за донација (еднократни заштитни ракавици)

13. Предлог-одлука за давање согласност за склучување договор за донација (постамент за спомен обележје)

14. Предлог-одлука за одобрување дополнителни финансиски средства на основно училиште на територијата на Општина Аеродром

15. Советнички прашања

 

13.10.2023

Општина Аеродром