Долно Лисиче доби ново спортско игралиште за фудбал и кошарка и ново детско катче. После долги години, населеното место „Чатал“ има модерен, локален спортски комплекс, кој е заокружување на неколку важни инвестиции во спортот и инфраструктурата во овој дел од општината. Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, претседателот на советот, Дејан Митески и останати претставници на општината и советот го посетија реконструираното и проширено игралиште во Долно Лисиче каде со средства од општинскиот буџет, направена е целосна реконструкција на фудбалското игралиште, поставено е ново осветлување, вештачка трева, реквизити за деца, како и нов терен за кошарка. Градоначалникот Муцунски при посетата истакна дека радоста на децата е најважна, а инвестициите наменети за нив се високо во приоритетите на општината. „Да ја вратите насмевка на детските лица и среќата во нивниот живот е една од најубавите и најблагодарните работи кои може да ги направите за своето семејство, својата средина и генерално за целата општината“, истакна тој во обраќање и потенцираше дека енергијата и радоста на дечињата од подрачното училиште „Гоце Делчев“ говори за тоа дека со оваа инвестиција општината направила вистински чекор, креирала катче за рекреација, забава и спорт на младите кои живеат во овој дел од Аеродром.
25.10.2023
Општина Аеродром
18-07-25
Општина Аеродром отпочна целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица „2“ во Долно Лисиче, со што преку реализација на овој значаен проект конечно се решава повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето на жителите во овој дел од Аеродром.