logo
  • Почетна
  • За Граѓаните
    • Бесплатен фудбал
    • Бесплатен тенис
    • Термини за спорт
    • Домување
    • Еднакви можности
  • Проекти и Документи
    • Идни проекти
    • Тековни проекти
    • Урбанистички планови
    • Урбанизам
    • Презентации – обуки
    • Екологија
    • Eнергетска ефикасност
    • Буџет
    • ЛЕАП
    • Процена на загрозеност
    • Јавни набавки
  • Профил
    • Портрет
    • Население
    • Симболи
    • Визија
    • Мисија
    • Вредности
  • Градоначалник
    • Градоначалник
    • Надлежности
    • Претходни градоначалници
  • Совет
    • Претседател на совет
    • Советници
    • Службен гласник
    • Акти на Советот
    • Надлежности
    • Седници
    • Записници
  • Администрација
    • Администрација
    • Структура
    • Кодекс
  • Галерија
  • Архива
    • Вести
    • Весник
    • Брошури
    • Отчет
    • Стар сајт
  • Контакт

ОПШТИНА

  • Карта
  • Надлежности
  • Историја
  • Меѓународна соработка

Граѓани

  • Формулари
  • Урбани заедници

ОБРАЗОВАНИЕ

  • Училишта
  • Детски градинки

Во Општина Аеродром промовиран првиот полнач за електрични тротинети кој работи на соларна енергија

Tweet

 Општина Аеродром стана првата општина во Македонија во која беше промовиран првиот полнач за електрични тротинети кој работи на соларна енергија, а ќе биде достапен за користење на сите граѓани. Станува збор за проект кој се реализира во рамките на проектот на Центарот за климатски промени, „Патоказ до вашата еко-паметна општина“, финансиран од амбасадата на САД, а кој е насочен кон поголемо искористување на обновливите извори на енергија.

Полначот е поставен во дворот на основното училиште „Александар Македонски“, а бидејќи е прв од ваков вид кој се поставува во Македонија, тој ќе биде во фаза на тестирање до 1 декември, по што сите граѓани ќе можат бесплатно да го користат. Со полначите, граѓаните ќе имаат можност бесплатно да користат чиста и зелена енергија, а со тоа директно да придонесат кон намалување на емисиите на загадувачки супстанци.

На денешната промоција присуствуваше градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, кој истакна дека општината континуирано инвестира во проекти и инфраструктура кои поттикнуваат користење на обновливи извори на енергија и промовираат алтернативни средства за сообраќај.

„Се надеваме дека овој проект ќе биде поттик за граѓаните да користат чиста енергија за транспорт, а со тоа заедно ќе придонесеме кон подобрување на животната средина во нашата општина.“, напиша Муцунски на својот Фејсбук профил.

Филип Стојановски од Центарот за климатски промени се заблагодари до Општина Аеродром за препознавањето на потенцијалот од овие идеи и заложбите низ изминатите 12 месеци да станат „Еко-паметна“ општина.

„Се надеваме дека овој пример ќе биде поттик и за останатите општини да размислуваат во насока на поголемо искористување на сончевата енергија и да овозможиме средина каде автомобилите ќе ги користиме се поретко и ќе имаме чиста и здрава животна средина“, истакна на денешниот настан.

Општина Аеродром е посветена на процесот на обезбедување здрава и чиста животна средина. Покрај денешната активност, општината постави фотоволтаици за сите основни училишта и градинки, активно работи на поставување енергетски ефикасни фасади на повеќе детски градинки и училишта, како и на доделување на субвенции за велосипеди и електрични тротинети. Веќе втора година во општината се реализира проектот „Clean AirDrom“ кој е финансиран од страна на Европската унија и има за цел да воспостави примарен систем за селекција и рециклирање на отпадот.

20.11.2023

Општина Аеродром

Актуелно

  • ОПШТИНА АЕРОДРОМ ЗАПОЧНУВА СО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНА МРЕЖА ВО ДОЛНО ЛИСИЧЕ И СО ПРОШИРУВАЊЕ НА МОСТОТ НА МАРКОВА РЕКА

    30-04-25

    Општина Аеродром во наредниот период започнува со целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица 2 во Долно Лисиче, а исто така се започнува и реализација на проектот за проширување на мостот на Маркова Река што ги поврзува Долно и Горно Лисиче.

img
img img

Видео

Адреса на општината

Бул. Јане Сандански бр.109Б,
1000 Скопје, Република Северна Македонија
тел. +389 2 2400-970
факс: +389 2 2401-546
Email: aerodrom@aerodrom.gov.mk

Работно време

ПОНЕДЕЛНИК - ПЕТОК
од 08:30 до 16:30 часот
Пауза од 12:00 до 12:30 часот

Контакт информации

Поважни телефони
  • Полиција: 192
  • ПС Аеродром: 2432 362, 3142 408
  • ПС Драчево: 2763 330, 2794 111
  • ПС Кисела Вода: 3223 410, 3142 403
  • Противпожарна бригада: 193
  • Прва помош: 194
  • Центар за известување и тревожење: 195
Здравствени објекти
  • Јане Сандански : 2463 277
  • Лисиче : 2440 810
  • Пелагонија : 2460 478
Комунални услуги
  • ЈП „Водовод и канализација“ : 2443 129;2469 844
  • ЈП „Паркови и зеленило“ : 2464 272
  • JП „Комунална хигиена : 3216 644; 075/506 090
  • Оџачарски услуги : 2440 293
Владини агенции
  • Собрание на РМ
  • Царинска управа
  • Народна банка на РМ
  • Влада на РМ
Библиотеки
  • Јане Сандански : 520-9192
  • Кирил Пејчиновиќ : 520-8575
  • Рајко Жинзифов : 520-7484

Поважни линкови

  • Огласи
  • Економија
  • Живот
  • Образование
  • Спорт

Приемни денови

  • Одделение за даноци, такси и други приходи и Данок на имот - секој работен ден од 08:30 до 11:30 часот
  • Одделение за урбанизам - понеделник и вторник од 09:00 до 11:00 часот
  • Комунално одделение - понеделник од 15:30 до 16:30 часот, четврток и петок од 08:30 до 09:30 часот

Copyright © 2015 ОПШТИНА АЕРОДРОМ | Изработено од УНЕТ