Со инвестиција од буџетот на Општина Аеродром и завршување на градежните активности кои се одвиваа изминатиот период, градинката „Пчелка 2“ во населбата Лисиче доби целосно нова енергетски-ефикасна фасада. Увид во реализираниот проект изврши градоначалникот Тимчо Муцунски, кој истакна дека со оваа инвестиција, значително се подобруваат условите за згрижување на децата и средината во која растат, но и се придонесува кон заштеда на електрична енергија и финансиски средства кои ќе бидат пренаменети за други проекти во областа на образованието и социјалната заштита. „Се радувам кога ја гледам реализацијата на инвестиции и проекти кои обезбедуваат одржливост и градат поубава средина за раст и развој на најмладите аеродромци. Во првите две години од мандатот се посветивме на решавање на сите инфраструктурни предизвици кои се поврзани со најмладите, затоа што Аеродром е општина што инвестира и креира подобри услови за нив“, напиша Муцунски на својот Фејсбук профил.
21.11.2023
Општина Аеродром
30-04-25
Општина Аеродром во наредниот период започнува со целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица 2 во Долно Лисиче, а исто така се започнува и реализација на проектот за проширување на мостот на Маркова Река што ги поврзува Долно и Горно Лисиче.