В ПЕТОК 35. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

 

На 01.12.2023 година (петок) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи триесет и петтата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:

 

1.    Предлог-одлука за давање согласност на тримесечен извештај (јули, август и септември 2023 година) за финансиско работење на Јавното претпријатие за стопанисување на јавно осветлување на Општина Аеродром

2.    Предлог-заклучок  за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Аеродром за третиот квартал од 2023 година

3.    Предлог-одлука за давање согласност за запишување поголем број деца во воспитните групи на ЈДГОА „Срничка“

4.    Предлог-одлука за давање согласност за запишување поголем број на деца во воспитните групи на ЈУДГ „Буба Мара“

5.    Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на ЈДГОА „Срничка“ за 2024 година

6.    Предлог-одлука за одобрување дополнителни финансиски средства на детска градинка на територијата на Општина Аеродром

7.    Предлог–одлука за утврдување бесправен  објект за кој може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација (објект бр.1 на КП 1417 КО Кисела Вода 2)

8.    Предлог-одлука за започнување на постапка за доделување договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за реализација на Проект „Smart Aerodrom”

9.    Предлог-одлука за давање согласност за примање донација од страна на Офиском.мк ДОО Скопје за изведба на парк во Реонски центар

10. Советнички прашања

 

           24.11.2023

Општина Аеродром