Општина Аеродром организира отворен ден за граѓаните за креирање на буџетот за 2024 година

 

Во сабота (16.12), во периодот од 10 до 12 часот, просториите на Советот на Општина Аеродром ќе бидат отворени за сите кои сакаат да ги презентираат своите предлози и идеи пред градоначалникот и советниците, со цел креирање на буџет кој ќе биде скроен во согласност со потребите и барањата на граѓаните.


Овие средби се организираат втора година по ред, а со нив уште еднаш се потврдува заложбата на општината за транспарентно работење, отвореност за сугестии, како и градење на инклузивен процес за креирање политики кои ќе ги адресираат сите проблеми и предизвици со кои се соочуваат граѓаните.

15.12.2023

Општина Аеродром