Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“ што годинава ќе се одржи по 46. пат по повод најголемиот македонски национален празник – Илинден, подготовките ги почна порано од вообичаеното.
Причина, како што информираат од Здружението, е огромниот интерес за учество на Илинденскиот марш, и тоа не само од Аеродром туку и од други општини и градови, како што се Кичево, Маврово и Свети Николе, така што се очекуватрадиционалната манифестација годинава да биде многу помасовна. Право на учество во маршот имаат сите заинтересирани мажи и жени од цела држава на возраст од 16 до 76 години, а досега покрај аеродромци, има пријавено коњаници од Кичево, Маврово и Свети Николе. Рокот за пријавување е до 30 јуни.
Коњичкиот марш стартува од паркот „Јане Сандански“ во Општина Аеродром кога на коњаниците им се предава општинското знаме, а крајната дестинација е Крушево, каде што треба да стигнат на 2 август. Коњаниците придружувани од фаланга и игроорци од КУД „Никола ЈонковВапцаров“, со звуците на зурлите и тапаните се упатуваат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината.
Пред испраќањето на илинденците, секоја година се одржува свечена литургија, по што традиционално се организира и богата музичка програма со настап на познати македонски естрадни уметници.
Општината и оваа година финансиски ќе го поддржиИлинденскиот марш како една од најголемите и најзначајните манифестации во Аеродром, со што се негуваат традицијата и македонската култура.
5.6.2024
Општина Аеродром
18-07-25
Општина Аеродром отпочна целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица „2“ во Долно Лисиче, со што преку реализација на овој значаен проект конечно се решава повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето на жителите во овој дел од Аеродром.