Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и претседателот на советот на општината, Дејан Митески денеска направија обиколка на улицата „Илија Димовски – Гоче“, каде деновиве градежната механизација активно работи на целосна реконструкција на сообраќајница која се протега на двете страни од булеварот.
Проектот на обнова на улицата вклучува целосна замена на тампонтскиот и асфалтен слој, изведба на нови тротоари со павер елементи, како и поставување нова вертикална и хоризонтална сигнализација. Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Светската банка, преку Министерството за транспорт и врски.
Со реализација на овој проект се унапредува сообраќајната инфраструктура во општината и се подобрува безбедноста во сообраќајот во Аеродром.
13.06.2024 година
Општина Аеродром
13-02-25
По цели 40 години, извршена е темелна реконструкција на главната кујна на детската градинка „Срничка“ што се наоѓа во објектот „Чекорче“.