Кризниот штаб на Општина Аеродром на чело со заменик-градоначалникот Дејан Митески е мобилизиран и подготвен да реагира на предизвиците што може да се појават откако попладнево почна да дува силен ветер со најава за големо невреме. Мобилни екипи веќе се излезени на терен и вршат расчистување на јавните површини.
Доколку граѓаните забележат паднати дрвја врз автомобили или други објекти, потребно е да пријават во полиција, која треба да направи увид и записник, по што општинските екипи ќе го расчистат теренот. Штети и паднати дрвја може да се пријавуваат и на телефонскиот број 072/270-886. Општина Аеродром апелира до граѓаните и до возачите без поголема потреба да не излегуваат додека трае невремето! Наша најважна обврска е да ги заштитиме граѓаните и нивните имоти и да го минимизираме ризикот од поплави и од други штети.
18-07-25
Општина Аеродром отпочна целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица „2“ во Долно Лисиче, со што преку реализација на овој значаен проект конечно се решава повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето на жителите во овој дел од Аеродром.