Претставници од ансамблот „Никола Јонков Вaпцаров“ од Горно Лисиче, кои пред неколку дена во Турција освоија прво место за најавтентична народна носија, денеска беа поканети на средба со заменик-градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.
На средбата тие ги пренесоа своите импресии од фестивалот на којшто учествуваа, разговараа за нивните идни планови, за тоа како се подготвуваат за настапите и колку многу љубов вложуваат во негувањето и зачувувањето на македонската традиција и култура.
Митески им честиташе за победата, им посака уште многу награди и им се заблагодари што достојно и гордо го претставуваат Аеродром насекаде низ светот. Тој им вети дека и во иднина Општината ќе ја продолжи соработката со нив и ќе им ја дава потребната поддршка.
„Никола Јонков Вапцаров“ е едно од најстарите културно-уметнички друштва во Општина Аеродром, но и во Скопје и дава голем придонес за развој на културата, а особено за запознавање на младите генерации со македонскиот фолклор.
11.7.2024 година
Општина Аеродром
18-07-25
Општина Аеродром отпочна целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица „2“ во Долно Лисиче, со што преку реализација на овој значаен проект конечно се решава повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето на жителите во овој дел од Аеродром.