Општина Аеродром во соработка со претставници од фудбалскиот клуб „Победа Долно Лисиче“ го уредува фудбалското игралиште во Долно Лисиче кое со години претставуваше целосно запуштен и непристапен терен, обраснат со високи треви.
Отсега овој простор ќе биде вратен во употреба и ќе може повторно да се користи за тренинзи и за одржување натпревари, а се разгледува и можноста за изнаоѓање решение за наводнување на игралиштето.
Заменик-градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески посочи дека уредувањето на овој простор и неговото пуштање во функција ќе биде од огромно значење за жителите од Долно Лисиче, особено за децата и младите кои ќе можат да тренираат и да спортуваат во местото каде што живеат.
Митески, утрово при посетата на Долно Лисиче се сретна и поразговара со некои од локалните жители, на кои им најави дека Општината во наредниот период ќе работи на изнаоѓање решение за нивниот долгогодишен проблем со водоснабдувањето.
Општина Аеродром се грижи подеднакво за сите жители и во иднина ќе продолжи да создава уште подобри услови за развој на секој дел од нејзината територија.
13.7.2024 година
Општина Аеродром