Во дворот на основното училиште „Љубен Лапе“ денеска никна пензиски парк, во кој в. д. градоначалникот Дејан Митески, директорката на училиштето, Фоника Станоева и дел од учениците насадија 15 листопадни дрвја од видот платан, липа, црвен даб, топчест багрем и украсна слива.
Станува збор за проект на македонските пензиски друштва, кои под мотото „Засади желба за одржлива иднина“ преку едукативна кампања создаваат пензиски паркови за поубава и позелена иднина.
Општина Аеродром секогаш дава поддршка на иницијативи што придонесуваат за зголемување на свеста кај учениците за создавање здрави навики.
Општина Аеродром
29.10.2024
11-06-25
Со цел да се унапреди квалитетот на урбаниот живот и да се создадат подобри услови за рекреација и забава на граѓаните, Општина Аеродром во периодов работи на реализација на неколку значајни инфраструктурни проекти.