Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за 2025 година на физички лица, односно поединци или група творци, кои се со живеалиште во Аеродром.
Признанијата се доделуваат како знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието, заштитата и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзина афирмација во Република Македонија и во светот, а тие можат да се доделат и постхумно на истакнати аеродромци.
Рокот за пријавување трае заклучно со 7 април 2025 година (понеделник).
Кандидатите можат да се пријават лично, како и да бидат предложени од правни и физички лица, а сите детали околу условите за повикот можат да се најдат на следниот линк Јавен повик за доделување признанија од Oпштина Aеродром за 2025.
1.4.2025 година
Општина Аеродром
10-12-25
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска извршија увид во градежните активности за целосна реконструкција и уредување на првиот мултифункционален центар во Ново Лисиче.