Компанијата „Тексомак“ во соработка со Општина Аеродром организира екоакција за собирање текстилен отпад.
Првиот дел од оваа акција започнува утре, вторник, 8 април. Контејнери, каде што граѓаните ќе можат да го оставаат текстилниот отпад, ќе бидат поставени на следниве локации:
ООУ „Лазо Ангеловски“
- ЈДГОА „Срничка“ (главен објект)
- ООУ „Љубен Лапе“
- ЈУДГ „Буба Мара“ (главен објект)
- ООУ „Браќа Миладиновци“
- Зад „Капитол мол“(пред влезот на „Рамстор“)
Текстилниот отпад треба да биде добро спакуван во пластични ќеси со цел да се избегне негово оштетување.
Следниот чекор е едукација по училиштата и градинките што ќе се одвива во текот на наредниот период, а датумите ќе бидат дополнително објавени.
7.4.2025 година
Општина Аеродром
15-01-26
Општина Аеродром објави оглас за давање под закуп на урбана опрема – покриен шанк, по пат на електронско јавно наддавање, што ќе се спроведе преку електронскиот систем www.e-stvari.mk.