Општина Аеродром добива нов и современо уреден сквер меѓу кулите кај поранешната слаткарница „Стела“, во внатрешниот дел покрај булеварот АСНОМ во населбата Јане Сандански.
Станува збор за целосна реконструкција на плочникот меѓу зградите на површина од околу 2 800 м2, со што овој простор ќе добие нов сјај со содржини приспособени за сите генерации.
Покрај замената на старите и дотраени плочки, скверот ќе биде опремен со комплетно нова урбана опрема, односно нови клупи, нови канти за отпадоци, како и со хортикултурно уредување.
Реконструкцијата на оваа локација ќе го опфати и детското игралиште, каде што ќе бидат поставени нови забавни реквизити и подлога за безгрижна и безбедна игра на дечињата.
Овој значаен инфраструктурен проект е финансиски поддржан од Владата и е во вредност од 10 милиони денари.
Општина Аеродром останува посветена на создавање уште подобри услови за жителите и приспособување на инфраструктурата во согласност со современиот начин на живот на аеродромци.
23.4.2025 година
Општина Аеродром
25-04-25
Изградбата и уредувањето на новиот парк „Радост“ во Реонски центар во Општина Аеродром е во завршна фаза и во зависност од временските услови, се очекува паркот да го добие својот финален изглед до средината на следниот месец.