Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром објави јавен оглас за изразување интерес за ангажирање пензионирани лица за вршење јавни работи во текот на 2025 година.
Сите евидентирани пензионери што сакаат активно да придонесат за почиста и поурбана заедница, може да се пријават и да станат дел од работниот процес кој вклучува активности како што се: одржување на хигиената на јавните површини, чистење и собирање отпадоци, одржување на зеленилото, косење трева, расчистување суви гранки, чистење пешачки премини, тротоари, мостови и други јавни простори на територија на Општина Аеродром.
Пријавувањето се врши преку пополнување пријава што е достапна во Архивата на претпријатието или може да се преземе електронски на веб-страницата на Општина Аеродром: www.aerodrom.gov.mk (делот „Граѓани – Формулари“), како и преку следниов линк: http://skr.rs/z0JN
11.7.2025
Општина Аеродром
11-06-25
Со цел да се унапреди квалитетот на урбаниот живот и да се создадат подобри услови за рекреација и забава на граѓаните, Општина Аеродром во периодов работи на реализација на неколку значајни инфраструктурни проекти.