Општина Аеродром отпочна целосна реконструкција на улицата „Милан Зечар“ во Стар Аеродром.
Реконструкцијата опфаќа поставување нов асфалт на улицата во должина од над 600 метри, како и обновување на постојните тротоари. Станува збор за многу значаен проект, во висина од над 20 милиони денари, кој опфаќа три оски од оваа улица кои минуваат низ Стар Аеродром и кои се многу фреквентни, како од возила, така и од велосипеди и пешаци.
Исто така, во овој дел на Аеродром ќе биде асфалтиран и паркингот на улицата „Владимир Комаров“ бр. 36. Станарите конечно ќе добијат убаво уреден и безбеден паркинг простор кој со години наназад е со земјена подлога и е во многу лоша состојба.
Во наредниот период ќе се уреди и пристапот до објектот „Црвенкапа“ во рамките на детската градинка „Срничка“ со што значително ќе се олесни згрижувањето на дечињата.
Продолжуваме со интензивно темпо да работиме на реконструкција на голем број улици на целата територија на Општина Аеродром за зголемена безбедноста за сите учесници во сообраќајот.
16.7.2025 година
Општина Аеродром
16-07-25