В СРЕДА 60. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

 

На 27.8.2025 година (среда) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 60. седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:

  

1.    Предлог-заклучок за усвојување Извештај за работа на ПСОН „Аеродром“ за првите шест месеци од  2025 година

2.    Предлог-одлука за давање согласност на тримесечен извештај (април, мај и јуни 2025 година) за финансиското работење на Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром

3.    Предлог-одлука за давање согласност на Одлука за донесување на Годишен план за вработување на Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром за 2026 година

4.    Предлог-заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Аеродром за  вториот квартал од 2025 година

5.    Предлог-заклучок за усвојување годишни извештаи за работата на основните училишта на територијата на Општина Аеродром за учебната 2024/2025 година

6.    Предлог-одлука за донесување годишни програми за работата на основните училишта на територијата на Општина Аеродром за учебната 2025/2026 година

7.    Предлог-oдлука за давање согласност за запишување поголем број деца во воспитните групи на ЈУДГ „Буба Мара“

8.    Предлог-oдлука за давање согласност за запишување поголем број деца во воспитните групи на ЈДГОА „Срничка“

9.    Советнички прашања

 

 

 

20.8.2025 година

Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео