Бесплатните термини за жителите на Општина Аеродром за наредните два викенда СЕ ОТКАЖАНИ поради одржување официјален турнир на тениските терени покрај хотелот „Русија“, со кои стопанисува Тениската академија „Аеродром“. Бесплатни термини за тенис ќе може повторно да се закажуваат за 13 и 14 септември 2025 година.
29.8.2025
Општина Аеродром
07-08-25
Денеска, в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, го потпиша договорот за изградба на новиот објект на градинката „Пчелка 1“, најстарата градинка во Општина Аеродром.