Во тек е целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица „Божидар Рајковиќ“ во Горно Лисиче, со што конечно ќе се реши повеќедеценискиот проблем со водоснабдувањето на околу 300 домаќинства.
Реконструкцијата опфаќа замена на старите и дотраени цевки со нови Ф110 во должина од 1000 метри, како и дополнителни приклучоци на мрежата.
Старата водоводна мрежа со години предизвикуваше загуби на притисокот или прекини на водоснабдувањето, поради што дел од потрошувачите во одредени периоди од денот често остануваа без вода, особено во летниот период.
Токму со замената на цевките, жителите на овој дел од Горно Лисиче конечно ќе имаат непречен тек на вода.
Станува збор за капитален проект во висина од над 12 милиони денари, средства обезбедени со поддршка од Владата.
9.9.2025 година
Општина Аеродром
09-09-25