ООУ „Димитар Македонски“ во населба Лисиче ја доби првата сензорна соба.
Оваа просторија е внимателно опремена и приспособена за дечињата на кои им е потребна дополнителна сензорна поддршка, овозможувајќи им безбедно, смирувачко и поттикнувачко опкружување за учење и развој.
Сензорната соба не е само простор, туку е прегратка, поддршка и мост кон инклузијата. Во Општина Аеродром, вакви соби веќе постојат во други основни училишта и детски градинки, а нивното значење е огромно: тие го отвораат патот кон еднакви можности за сите деца, без разлика на нивните потреби.
Вложувајќи подеднакво во секое дете, градиме иднина исполнета со разбирање, љубов и квалитет, затоа што нашите најмили заслужуваат свет во кој секој чекор е поддржан, секој глас е слушнат и секое срце е прифатено.
12.9.2025 година
Општина Аеродром
12-09-25