ВО ВТОРНИК 2. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ
На 2.12.2025 година (вторник) со почеток во 12:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 2. седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:
1. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект бр.1 на КП 1419 КО Кисела Вода 2)
2. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП793КО Кисела Вода 2)
3. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за којможе да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект, бр.1 и објект бр. 2 на КП3983 КО Кисела Вода 2)
4. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект, бр.1на КП2980и КП 2981 КО Кисела Вода 2)
5. Предлог-одлука за одобрување дополнителни финансиски средства на основни училишта на територијата на Општина Аеродром
6. Предлог-одлука за именување на член на Училишниот одбор на ООУ „Љубен Лапе“
7. Предлог-одлука за примање и давање на трајно користење на движни ствари на јавно претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром
8. Предлог-oдлука за задолжување на јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром за реализирање на пилот-проект за селекција на отпад од пакување
9. Предлог-програма за измена на програма (Р) заштита на животната средина и природа на Општина Аеродром за 2025 година
10. Предлог-програма за измена на (ФА) програма уредување на градежно земјиште (капитални трошоци) на подрачјето на Општина Аеродром за 2025 година
11. Предлог-програма за измена на програма (Ј) комунални дејности на Општина Аеродром за 2025 година
12. Предлог-одлука за поставување 10 калистеника фитнес зони на отворено
„ФИТНЕС ЗА СИТЕ“
13. Предлог-одлука за примање донација од страна на Тајфа-план за изработка на урбанистички проект за инфраструктура
14. Предлог-oдлука за давање согласност за изразување намера за донација
15. Предлог-одлука за формирање Комисија за селекција на членови во Управен одбор на Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром Скопје
16. Предлог-одлука за формирање Комисија за селекција на членови во Надзорен одбор за контрола на материјално финансиското работење на Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром Скопје
17. Предлог-одлука за распишување на јавен повик за пројавување интерес за пријавување кандидати за избор на член во Управен одбор на Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром
18. Предлог-одлука за распишување јавен повик за пројавување интерес за пријавување кандидати за избор на член во Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавно претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром
19. Предлог-одлука за определување паричен надоместок на претседателот и членовите на Надзорниот одбор на Jавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром
20. Советнички прашања
26.11.2025 година
Општина Аеродром