Советот на Општина Аеродром денеска го усвои Буџетот за 2026 година, кој претставува најголем и најкапитален буџет досега. Со овој буџет се обезбедуваат конкретни и одржливи решенија за унапредување на квалитетот на живот на граѓаните и се поставуваат јасни насоки за развој на општината.
Вкупната финансиска рамка изнесува:
Буџетот за 2026 година е насочен кон инвестиции што обезбедуваат вистинска грижа, подобар живот и еднакви можности за сите жители. Средствата се распределени во повеќе клучни области – образование, социјална заштита, култура, спорт, инфраструктура, урбан развој и заштита на животната средина.
Образование и грижа за најмладите
Социјална поддршка
Култура, спорт и квалитетен живот
Инфраструктура и урбан развој
Чиста и уредена општина
Буџетот за 2026 година претставува јасна определба за рамномерен развој, еднаква грижа и подобро секојдневие за сите граѓани. Општина Аеродром продолжува да инвестира одговорно и стратешки, градејќи општина во која децата растат во безбедна средина, младите добиваат нови можности, а секој граѓанин чувствува поддршка и грижа.
Општина Аеродром останува посветена на заедничката цел – Аеродром по мерка на секој жител и иднина исполнета со развој, можности и доверба.
26.12.2025 година
Општина Аеродром
25-12-25
Општина Аеродром започнува со интензивни контроли и мерења на прекумерната бучава, со цел заштита на здравјето, мирот и квалитетот на живеење на граѓаните.