ОПШТИНА АЕРОДРОМ ДОДЕЛУВА ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА НОВОРОДЕНЧИЊА

Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.

Оваа мерка е наменета како практична поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето.

Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да растат среќни, сигурни и поддржани.

 

31.1.2026 година

Општина Аеродром

 

 

 

Актуелно

img
img img

Видео