СООПШТЕНИЕ

Почитувани,

 

Во врска со објавениот Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3), Ве информираме дека во наредниот период ќе бидат организирани четири (4) групни менторски сесии, наменети за сите заинтересирани граѓански организации.

Целта на менторските сесии е, преку консултативен процес, да им се обезбеди поддршка на организациите кои планираат да аплицираат на јавниот повик, преку проверка на усогласеноста на проектните предлози со насоките од повикот, како и дополнително појаснување на одредени аспекти кои можеби не биле опфатени со претходните обуки, а се неопходни за целосна и квалитетна подготовка на проектната апликација.

Менторските сесии ќе се одржат на следните датуми, во салата на Советот на Општина Аеродром со почеток во 10:00 часот, а точното времетраење на секоја сесија ќе зависи од бројот на пријавени организации:

11.02.2026 (среда) – Идеја, контекст и структура на проектот ( ЛОТ 1, 2 и 3)

17.02.2026 (вторник) – План на активности ( ЛОТ 1,2,3) и Логичка рамка ( ЛОТ 2,3)

20.02.2026 (петок) – Буџет и поврзаност со активностите ( ЛОТ 1,2,3)

25.02.2026 (среда) – Финализација и усогласување ( ЛОТ 1,2,3)

Со цел поефикасно одржување на сесиите, од организациите се очекува да присуствуваат со веќе подготвени и разработени документи од јавниот повик, како што е наведено погоре.

Граѓанските организации имаат можност да учествуваат на повеќе од една менторска сесија. Заинтересираните организации потребно е да се пријават најмалку два (2) дена пред одржувањето на секоја поединечна сесија, со цел навремено планирање и формирање на групите.

Дополнително, со цел обезбедување еднаков пристап за сите учесници, Ве молиме при пријавувањето да наведете доколку е потребно обезбедување посебни услови за непречена работа.

 

Пријавувањето за учество на менторските сесии може да го направите кај одговорното лице од Општина Аеродром, Мартина Сајкова martina.sajkova@aerodrom.gov.mk.

 

Општина Аеродром