Градоначалникот Дејан Митески денеска потпиша меморандум за соработка меѓу Општина Аеродром и Здружението „МЕГАЛОГОМЕД ГЛАС – Скопје“, со што се овозможуваат индивидуални логопедски и дефектолошки третмани за деца со развојни тешкотии и деца со попреченост.
Со ова, децата од Аеродром добиваат бесплатен пристап до стручна логопедска поддршка, рано препознавање на развојните предизвици и навремена интервенција — важен чекор за нивниот правилен развој, сигурност и самодоверба.
Услугата ќе биде бесплатна за лицата што ќе добијат соодветна препорака од Центарот за социјална работа на Град Скопје, а корисници ќе можат да бидат лица со валидна документација согласно со Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ).
Обезбедуваме и поддршка за родителите преку советување и насоки, со цел секое семејство полесно да стигне до потребната стручна помош без дополнителни финансиски оптоварувања.
Продолжуваме посветено да вложуваме во најмладите и да градиме општина во која секое дете ќе има шанса да расте, да се развива и да го достигне својот целосен потенцијал.
25.2.2026 година
Општина Аеродром
26-02-26
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска извршија увид во завршната фаза од изградбата на новиот објект „Изворче“ во Стар Аеродром, во рамките на детската градинка „Срничка“.