На 24.3.2026 година (вторник) со почеток во 12:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 8. седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:
1. Предлог-заклучок за усвојување Годишен извештај за работа на ПСОН „Аеродром“ за 2025 година
2. Предлог-одлука за издвојување средства за исплата на надоместокот на членовите на изборните органи - Oпштинска изборна комисија и избирачки одбори за подрачјето на Општина Аеродром, за спроведување на Локалните избори 2025 година
3. Предлог-правилник за критериуми, услови и постапка за воспоставување систем за резидентно паркирање на подрачјето на Општина Аеродром
18.3.2026 година
Општина Аеродром
17-03-26
Општина Аеродром започна со реконструкција и уредување на просторот во Трговскиот центар во Лисиче, којшто по подолг период, конечно добива нов, модерен и уреден изглед.