Јавен повик за доставување иницијативи за изработка на Урбанистички планови

 

 

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ. бр. 199/2014, 44/2015, 193/16, 163/16, 31/16) Градоначалникот на Општина Аеродром го донесува следнотo

 

СООПШТЕНИЕ

 

Се известуваат граѓаните и правните лица  на територијата на Општина Аеродром дека се распишува

 

Јавен повик за доставување иницијативи за изработка на

Урбанистички планови

 

Јавниот повик се распишува согласно член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ бр. 199/2014, 44/2015, 193/16, 163/16, 31/16), во првиот квартал од 2018 год.

 

  • Во период од 30 дена, сите заинтересирани физички и правни лица треба да достават иницијативи за изработка на Урбанистички планови од членот 7 став 2 алинеја 2, 3 и 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање.
  • Предмет на иницијатива може да биде донесување нов Урбанистички план, изменување и дополнување на постоечки Урбанистички план или Урбанистичка-планска документација со конкретен предлог од подносителот на иницијативата.
  • Јавниот повик ќе трае од 19.03.2018 година до 18.04.2018 година - 30 дена, сметано од објавата во дневното гласило „Слободен печат“.
  • Јавниот повик ќе биде објавен на интернет страницата на Општина Аеродром, www.aerodrom.gov.mk, на огласна табла во општината, во информацискиот систем е-урбанизам и преку објава во службеното гласило на Општина Аеродром.
  • Заинтересираните правни и физички лица иницијативите да ги достават во писмена форма во архивата на  Општина Аеродром или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во определениот рок.
  • За сите прифатени иницијативи подносителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 дена од истекот на рокот за поднесување на иницијативи.
  • Прифатените иницијативи од Јавниот повик ќе бидат вградени во Програмата за изработка на Урбанистички планови на територијата на Општина Аеродром за 2018 год.

 

Средствата за прифатените иницијативи за изготвување на потребната документација треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите-правни или физички лица.

 

 

 
 
 

 


Општина Аеродром