Општина Аеродром за првпат оваа година доделува по 3.500 денари за секој првоодделенец. За оваа цел, општината има издвоено 2.800.000 денари од сопствениот Буџет.
„Целта на овој проект е да се олеснат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството. На овој начин ги враќаме парите назад кај граѓаните, овозможуваме пријатен почеток на првата учебна година и подобри услови во образовниот процес за секое дете“ – изјави градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин.
Од денеска родителите на сите првачиња запишани во едно од училиштата на територијата на Општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош најдоцна до 31.08.2018 година.
Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2018/2019 година на подрачјето на Општина Аеродром може да се подигне во Општината или да се симне од општинската интернет страница (www.aerodrom.gov.mk) во менито за формулари или директно на линкот (http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari).
Во прилог на барањето потребно е да се достават следните документи, кои треба да се оригинал, на увид, а не копија:
Барањата можат да се поднесат во Општина Аеродром секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во канцеларија број 19, а исплатата на паричните средства е предвидена околу почетокот на учебната година.
20.6.2018
28-09-23
На простор од 1000 квадратни метри, жителите на Долно Лисиче во Општина Аеродром добиваат нови и современи содржини за спорт и рекреација, проект со кој продолжува рамномерниот развој и реализацијата на проекти во сите населени места во Аеродром.