ОГЛАС ЗА ЗАКУП 2019
Врз основа на член 109 и член 113 од Законот за основно образование ( Сл.весник на Р.С.М бр.161/2019), како и врз основа на Правилникот за условите , начинот и постапката за издавање под закуп на фискултурна сала, училишен двор, училници или друг административно – деловен простор на Општинското основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје, објавува
О Г Л А С
за издавање под закуп на дополнително останати термини на фискултурна сала, училишен двор, училници и друг административно деловен простор во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје
1.ЗАКУПОДАВЕЦ:
ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје, со седиште на бул.„Јане Сандански“ бр.27 А, 1000 Скопје телефон : +389 2 2 444-415
2.ПОНУДУВАЧ :
Право да поднесе барање за закуп на наведените недвижности има секое заинтересирано домашно и странско физичко лице и правно лице кое е регистрирано за вршење на дејност согласно со предметот за закуп.
3.ПРЕДМЕТ НА ЗАКУП
3.1 Фискултурна сала во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје со површина од 396,2 м2 со 2 гардероби и тоалет, во следните термини понеделник, вторник, среда и четврток од 21:30 до 22:30 часот и петок од 20:30 до 21:30 часот и 21:30 до 22:30 часот.
3.2 Училишен хол во ООУ„Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје – со површина од 327,05 м2, во следните термини: понеделник од 18:30 до 19:30 часот, вторник од 18:00 до 19:00 часот и од 19:00 до 20:00 часот, среда од 18:30 до 19:30 часот, четврток и петок од 18:00 до 19:00 часот и од 19:00 до 20:00 часот.
3.3 Училница број 1,2 и 3 во ООУ„Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје со површина од 17,05 м2 во термин од 17:30 до 19:30 часот.
Закуподавецот ги издава просториите наведени во точките 3.1, 3.2 и 3.3, по пат на прибирање на писмени понуди.
Понудувачот треба да ја подигне документацијата во рок од 8 дена од објавувањето на огласот.
Понудувачот треба понудите да ги достави на документација потпишана и заверена од страна на закуподавецот.
Клубови кои можат да конкурираат за термини во фискултурната сала се тие кои работат со следните спортови: кошарка, јога, одбојка, џудо, теквондо, карате, пилатес, аеробик, зумба, аикидо, кик – бокс, јапонски вештини, бокс, танци и ора, модерен танц, балет, гимнастика, џит – кун до, ракомет и мечување.
Документацијата во која подетално се наведени недвижностите кои што се предмет на закуп како и другите услови кои што задолжително мора да ги исполнуваат понудувачите, може да подигне само овластено лице од страна на понудувачот секој ден од 09:00 до 12:00 часот во просториите на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје – архива.
Понудата која што нема да биде доставена на документација потпишана и заверена од страна на понудувачот како и понуда која што нема да ги содржи сите потребни документи ќе се смета за некомплетна и како таква нема да биде разгледувана.
Отварањето и читањето на понудите ќе се одржи на ден 13.08.2019 година во 10 часот во просториите на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје.
Сите понуди кои ќе пристигнат подоцна нема да се разгледуваат.
ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје
в.д Директор Ана Стамболиска